ЕП: Србија заслужува датум за почеток на преговорите со ЕУ

Од:

Србија оствари значителен напредок во исполнувањето на европските критериуми и заслужува датум за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија, оценија вчера европските парламентарци, јави Танјуг.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин поднесе на пленарната седница на Парламентот во Стразбур, извештај за напредокот на Србија, за кој пратениците треба да гласаат денеска.

Кацин во извештајот го повика Европскиот совет да одреди датум за почеток на пристапните преговори меѓу Србија и ЕУ и изрази надеж дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе вроди со плод.

– Искрено се надевам дека состанокот на премиерите на Србија и Косово, кој е во тек ќе донесе резултати до крајот на неделата. Пробивот би имал далекусежни позитивни последици за европските интеграции на двете земји и на Западниот Балкан во целина, како и за екониомското закрепнување на регионот погоден од кризата, наведе Кацин.

Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, според него е политички императив, а лидерите на двете страни треба целата енергија и време да ги посветат на процесот на реформи, јакнење на владеењето на правото и економскиот развој.

Тој во извештајот оцени дека Србија остварила значителен напредок во некои области од реформите поврзани со ЕУ и го повика Советот да одреди датум за почеток на пристапните преговори, бидејќи, како што нагласи тоа е во интерес и на Србија и на регионот.

Кацин е осврна и на прашањето за автономија на Војводина, забележувајќи дека во последно време е зголемена политичката тензија меѓу централните и покраинските органи во однос на надлежностите на Војводина и ги повика сите актери, особено тие во Белград да го спуштат тонот на расправата.

На европратениците им се обврати и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој оцени дека извештајот на Кацин е сеопфатен и оти добро го одразува напредокот на Србија.

Филе ја поздрави оценката на европарламентарците дека Србија треба брзо да го направи следниот чекор на патот кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата