Во Загреб започна уште едно судење против Иво Санадер

Од:

Во Жупанскиот суд во Загреб денеска почна уште едно судење на поранешниот премиер и лидер на ХДЗ Иво Санадер и другите обвинети за малверзации за продажбата на деловна зграда на владата по превисока цена.

Санадер прво ја негираше вината, додека сопственикот на синџир на месарници и поранешен пратеник на ХДЗ во Саборот Стјепан Фиолиќ ја призна вината уште за време на истрагата, потврдувајќи дека зградата била продадена по повисока цена и оти 17 милиони куни (2,23 милиони евра) ги земал Санадер.

Со зделката државната каса била оштетена за најмалку 26,4 милиони куни (2,47 милиони евра).

Санадер веќе е осуде на 10 години затвор поради воено профитерство и за земање мито за преземање на нафтената компанија ИНА од страна на унгарскиот МОЛ, а му се суди и за коруптивната афера Фими медија.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами