Во напад врз складиште со нафта и гас во пакистанската провинција Балуџистан загинаа шест пакистански војници, а четворица се повредени.
Одговорност за нападот презеде сепаратистичката Ослободителна армија на Балок.
Тоа е втор сепаратистички напад врз пакистанската армија во провинцијата Балуџистан овој месец.
Сепаратистите во Балуџистан се жалат на дискриминација и бараат праведна расподелба на ресурсите и богатствата на провинцијата.