Ѓукановиќ: СПЦ сака да управува со Црна Гора

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, оцени дека Српската православна црква (СПЦ) би сакала да управува со Црна Гора и да ги одредува нејзините насоки и карактер.

„Дали Црна Гора е место во Европа или од другата страна“, рече Ѓукановиќ на прес-конференција по повод две години од мандатот, што се одржува пред резиденцијата во Цетиње, пренесува „Вијести“.

Одговарајќи на прашањето дали Законот за слобода на вероисповед е провокација за стабилноста, тој рече: Суштинска дилема е дали државата треба да ги замени законите од комунистичката ера со нови закони, усогласени со европските? Да. На Црна Гора му треба Закон за слобода на вероисповед и тој е донесен во вистинско време“. Тој нагласи дека сè што е одземено од Црна Гора, ќе и биде вратено.

– Дали Црна Гора треба се откаже од таквата своја потреба – секогаш кога дел од општеството се буни, одговорот е – Не!, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека на Црна Гора и требал закон и затоа е донесен.

Според претседателот на Црна Гора, законот отворил многу прашања, од кои некои се појавија на површината, како што прашањето за имотот, каде државата се соочи со отпор од Српската православна црква.

– Немојте да ни ги нудите тие изветвени и крвави формули за иднината на Балканот. Ние нема да ги прифатиме, потенцира Мило Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија