Децата од Индија кои живеат во тешки услови, добиле неочекуван добротворец – момче на исти години како тие, но со решеност да им помогне.
Томас Хиркок (16) првпат отишол во Индија со татко му кога имал 12 години. Сиромаштијата на неговите врсници длабоко го потресе, па решил да преземе конкретни чекори. Во разговор со децата од Раџастан дознал дека тие мораат да пешачат до училиштето и секој ден да минуваат по 20 километри за да присуствуваат на часовите.
По враќањето во Филаделфија, Томас Хиркок покрена акција за собирање пари за да им купи на малите Индијци велосипеди. Првата година израдувал осум деца со велосипед. Четири години подоцна, 400 индиски ученици го добиле неопходно превозно средство.