Кичеец за „А1он“: Снимките се автентични, имав повеќе состаноци со Мицкоски

Од:

Зоран Милески – Кичеец за „А1он“ вели дека снимките објавени на „Јутуб“ се автентични. Тој потврди дека имал состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 14 април минатата година. Кичеец вели дека тоа не била единствена средба и имал повеќе состаноци со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Разговорите што се објавени се автентични и се од состанок што го имав со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски, на 14 април, 2019 година. На тој состанок разговаравме за изборите во Охрид и мое помагање. Не знам кој снимал додека сум бил на состаноците. Сме имале повеќе состаноци со претседателот Мицкоски“, вели Милески-Кичеец за „А1он“.

Инаку, на „Јутуб“ беа објавени четири разговори меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Зоран Милески – Кичеец и женска личност. Во текот на разговорите се слуша како Мицкоски зборува со Кичеец за претстојните претседателски избори.

Мицкоски во октомври 2019 година, во интервју, негираше дека имал средба со Зоран Милески – Кичеец, повикувајќи, доколку има инкриминирачки материјал, тој јавно да се објави, а со навестување дека тој нема да тужи. Мицкоски во интервјуто кажа дека следниот ден сам ќе се пријави во истражниот затвор во Шуто Оризари, доколку постои ваков материјал.

Милески во разговорот за „А1он“ најави и дека ќе поднесе и кривична пријава против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

„Додека се борам да ја докажам мојата невиност пред Апелација во случајот ‘Рекет’, вчера слушнав нови обвиненија на сметка на моите чест и углед од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Ова нема да го дозволам и ќе поднесам кривична пријава против него за нарушување на моите чест и углед“, рече Милески.

Би можело да ве интересира

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Мицкоски тврди дека немало напад врз новинарот и публицист Владимир Перев

Горан Наумовски

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години, што посебно радува

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?