Алијанса за Албанците за собирот во Струга: Владата треба да запре со двојните стандарди

Од:

Од Алијанса за Албанците реагираат на денешниот религиски собир во Струга за време на пандемијата со коронавирус.

„Додека апелите за почитување на мерките, па дури и казните се засилени, ние јавно ја прашуваме Владата каде беше денес да ја види Струга ?!

За жал Струга денес беше преполна со луѓе, чија толпа не го почитуваше физичкото растојание, стоејќи еден до друг без маски и ракавици! Ова и помага на пандемијата да продолжи со својот пат на ширење на вирусот, додека небрежноста на надлежните помага за пролонгирање на состојбата која најмногу ќе ги чини граѓаните на земјата, од кои веќе многумина ги загубија работните места.

Тоа што се случи денес во Струга, се случува по втор пат во земјава. Бидејќи уште еден верски собир во Православен манастир се одржа за време на велигденскиот празник, како во првиот случај, така и во денешниот случај, сè беше емитувано во живо. Иако владата првиот собир го оправда со образложение дека станува збор само за црковни лица, денес ова оправдание звучи апсурдно затоа што присуствуваа граѓани кои дојдоа едноставно да ја слушаат литургијата.

Потсетуваме дека МВР реагираше многу брзо во Сингилиќ, па дури и инволвираните лица се соочуваат со казни, додека други ги извршуваат своите верски обврски без никакви пречки!

Алијансата за Албанците бара да се применат истите стандарди за сите без разлика! Владата не треба да работи со двојни стандарди.

Нашата држава дојде до врвот на небрежност и лошо управување со ситуацијата! Владата не смее да го занемарува отворањето на бизнисите од кои зависи економијата на земјата, а од друга страна да дозволи разни собири“, пишува во соопштението на Алијанса на Албанците.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење