Запознајте го најхрабриот човек на светот

Од:

Еден јужноафрикански зоолог изведе неверојатна селидба на 27 возрасни лавови од еден резерват во друг, користејќи само едно комбе.

За само неколку месеци сите лавови се сместени во новото опкружување во Преторија, а единствениот кој претрпел трауми поради селидбата било семејното куче.

Нарекувајќи се себе си „шепкач на лавовите“, зоологот Кевин Ричардсон е пионер во новиот начин на комуникација со најголемите африкански предатори и тоа на начин кој буди неверување и воодушевување.

Откако неговите лавови ги преместил и самиот станал привремен член на нивната глутница, сега без страв од повреди со нив се бори, се милува и се дружи. За 15 години работа имал само мали гребаници.

– И покрај верувањата лавовите не се неразумни ловци на луѓе, вели Ричардсон додека се одмара во сенката во резерватот Динокенг во северна Преторија.

– Тие се всушност многу толерантни кон луѓето, доколку ги почитувате. Развив длабок однос со моите лавови во текот на овие 15 и пол години, а тој се заснова на взаемно почитување, додава Ричардсон

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он