Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Од:

Саем за одржливост, на кој главно ќе се зборува за развивање на одржливи навики и мода, зелени бизниси, активизам за животната средина но и правда за животната средина, виртуелно ќе се одржи денеска преку интернет платформата Zoom.

Настанот е организиран од Американските катчиња во Штип и Скопје, со помош на невладината организација „Биди Зелен“ и Клубот за животна средина од средното училиште во Колумбија.

Гости говорници, како што наведуваат организаторите, ќе бидат претставници од организациите „Fashion Revolution“, АРНО, Нула Отпад, „TreeBanks“, и апликацијата „Challenger“.

-Настанот ќе почне со кратка презентација на организациите, а потоа учесниците ќе имаат можност да се поделат во пет групи зависно од темата за која имаат повеќе интерес и би сакале да се вклучат во дискусија, наведуваат од тимот на Американското катче.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Македонски штанд со вина и млечни производи на „Продекспо 2020“ во Москва

Ана Ололовска