Данска забрани собири на кои има повеќе од 500 луѓе до 1 септември, соопшти данското Министерство за здравство.
Соопштението е спротивно со извештаите на медиумите каде е истакнато дека данската Влада ќе дозволи поголеми собири од 10 мај.
Во моментов, во Данска на сила е мерка што овозможува собир до десет луѓе.
Во Данска бројот на заразени со коронавирусот е 7.695 лица, излекувани се 4.312, а починати се 364 лица.