Боно од „Ју-ту“ во потрага по опрема за ирските болници

Од:

Предводникот на рок-групата „Ју-ту“, Боно Вокс ја користи својата популарност, па низ целиот свет бара помош и опрема за ирските болници.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин добил писмо од пејачот, каде што го моли за заштитна облека и тестови за коронавирус. Тие двајца се запознале лани, кога ирскиот бенд имаше концерт во Јужна Кореја.

Како што објави „Гардијан“, Боно остварил комуникација и со директорот на Епл – Тим Кук и основачот на интернет-страницата Алибаба – Џек Ма, со истата молба.

Самите музичари од групата претходно ветија донација од 10 милиони евра за болничарите во Ирска.

Во земјата досега има околу 10.000 заболени од коронавирусот и над 330 починати.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски