Квадрадо се сели во Интер како дел од договорот со Икарди

Од:

Интер ќе се обиде да го привлече крилото на италијанскиот хегемон Јувентус, Хуан Квадрадо, пренесува „Калчомеркато“.

Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте лично инсистира на зајакнување со колумбискиот репрезентативец. Стратегот го напушти Торино пред неколку години, затоа што тогаш „старата дама“ одби да го донесе Куадрадо, што подоцна и се случи.

Но, сега ситуацијата е поинаква. Интер планира да го вклучи халфот како дел од договорот со Мауро Икарди. Тој веќе подолго време е посакуван од Јуве, што може да ги искуши „бјанконерите“.

Квадрадо има договор до 2022 година. Во текот на оваа сезона, Маурисио Сари го искористи главно како десен бек, но неговата сила е во нападот.

Пред да сопре фудбалот поради пандемијата од коронавирус, Колумбиецот одигра 32 натпревари на сите турнири. Тој постигна 2 гола и 4 асистенции.

Би можело да ве интересира

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Лаутаро Мартинез и Интер работат на продолжување на договорот

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз