Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Од:

Фудбалерите на Црвена звезда нема да имаат поддршка од своите навивачи на гостувањата во Лигата на шампионите против Интер и Милан.

Фудбалерите на белградскиот клуб на 1 октомври ќе играат на гости кај Интер, а на 11 декември против Милан.

Сепак, на трибините нема да има навивачи на Црвена звезда бидејќи италијанската полиција се погрижи Делии да не може да влезат на стадионот за да спречи хулигански немири.

Министерството за полиција на Италија го забрани пристапот на навивачите на тие натпревари, а Црвена звезда им порача да не патуваат во Италија бидејќи нема да смеат да влезат на стадионот „Џузепе Меаца“, ниту да се собираат на улиците на Милано.

Одлуката се однесува на навивачите кои живеат во Србија, но и на сите други европски земји, а и навивачите на Звезда кои имаат италијанско државјанство нема да можат да одат на трибините.

„Италијанската полиција ја забрани продажбата на билети за која било трибина. За купување билет потребен е пасош, а потоа името и презимето на билетот и пасошот мора да бидат идентични при влегување на стадионот“, им порача на своите навивачи Црвена звезда.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Жесток удар за Ливерпул

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Лацио и Атлетико поради расизам

Предраг Петровиќ

Барселона го загуби судскиот спор против Зенит

Предраг Петровиќ

Примија смешен гол, па славеа на „Максимир“

Предраг Петровиќ

Србија оствари победа над Швајцарија во Лесковац