Косовските власти ја ставија во карантин цела општина Урошевац

Од:

Министерството за здравство на Косово одлучи денеска да прогласи карантин на територијата на цела општина Урошевац, поради ширењето на епидемијата на Ковид-19 во таа област, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката, која министерството попладнево му ја достави на градоначалникот на Урошевац Агим Алиу, е донесена откако во текот на вчерашниот ден во таа општина беа потврдени 18 нови случаи на носители на вирусот.

Претходно во Урошевац имаше двајца заразени од новиот коронавирус, додека денеска се очекуваат резултатите од испитување на примероците на 65 лица кои биле во контакт со новите заболени.

Од појавата на првите случаи, на 13 март, заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани вкупно 250 заразени. Излекувани се 52 лица кај кои претходно било утврдено присуството на вирусот, а истовремено се забележани и седуммина починати како последица на епидемијата. 

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски