Нова жртва на коронавирусот во Косово, вкупно седуммина починати

Од:

Министерството за здравство на Косово вечерва објави дека уште едно лице заразено од Ковид-19 почина на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројката на починати од епидемијата на новиот коронавирус се зголеми на седум, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на министерството се наведува дека станува збор за 71-годишник, жител на општина Гњилане.

Заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани 224 заразени од Ковид-19, како и 37 лица кои претходно биле дијагностификувани позитивни на вирусот, а кои по вторпат едноподруго резултирале негативни на тестирањата, што според препораките на СЗО значи дека се излекувани.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски