Во Сплит евакуиран дом за стари лица поради Ковид-19

Од:

Околу 50 лица од дом за стари и изнемоштени лица синоќа се пренесени во клиничката болница (КБЦ) во Сплит синоќа откако било утврдено дека 10 лица се заразени со новиот коронавирус, јавија хрватските медиуми.

Лицата од домот ги превезувале медицински работници облечени во заштитни одела.

Директорот на домот за стари и изнемоштени лица Иван Скаричиќ рече дека околу 15 лица од установата претходните денови имале треска, но не и висока температура.

Тој додаде дека пред два дена биле извршени тестови за коронавирусот, кои покажале дека 10 биле позитивни.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари