Глобална иницијатива за помош во справувањето со Ковид-19 од Фондацијата „Ставрос Ниархос“ во висина од 100 милиони долари

Од:

Во овие непознати и нови услови што ги живееме сите на планетата, со пандемијата што ги става на тест подготвеноста и издржливоста на здравствениот систем, на општествено- економските структури на секоја земја, но и индивидуалната издржливост и одговорност на секој од нас кон општеството, Фондацијата „Ставрос Ниархос“ ги зајакнува напорите за справување со кризата, формирајќи Глобална иницијатива за помош во висина од 100.000.000 долари, соопштуваат од Фондацијата и додаваат дека „како што ширењето на Ковид-19 не познава граници, така и справувањето со вирусот е заеднички за целата планета“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Фондацијата велат дека активностите се насочени кон итно, но и долгорочно справување со пандемијата во целиот свет, во зајакнувањето на ефикасното справување со последиците врз општествено- економските структури, поддршката на ранливите групи во општеството, но и поддршка на напорите за изнаоѓање вакцина и медицински третман за коронавирусот.

-Една од нашите цели е да го помогнеме медицинското истражување. Затоа веќе дониравме 3.000.000 долари за одделот за истражување на Универзитетот Рокфелер, еден од најпознатите светски истражувачки центри, што започна надежен обид за откривање на вакцини и развој на третмани за Ковид -19. Станува збор за глобална епидемија, што има универзален, а не национален карактер, соопштуваат од Фондацијата

Претседателот на „Ставрос Ниархос“, Андреас Дракопулос вели дека тие сметаат дека е нивна обврска да сторат сé што можат за да придонесат во напорите за намалување на последиците од Ковид-19, но и да ги поддржат оние што се во првите редови.

Фондацијата формирана во чест на грчкиот бродосопственик Ставрос Ниархос е една од најголемите приватни добротворни организации во светот со активности во над 120 земји, со донации на невладини организации, донации во областа на уметноста и културата, образованието, здравството и спортот итн.

Од 1996 година, има донирано над 2,9 милијарди долари, преку повеќе од 4.600 донации за непрофитни организации, во 124 земји низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески