Американска помош од 1,1 милион долари за справувањето со Ковид-19

Од:

Владата на САД намени 1,1 милион долари за намалување на ширењето на вирусот Ковид-19 во Северна Македонија. САД преку Американската агенција за меѓународен развој (УСИАД) ги обезбедуваат овие фондови до Светската здравствена организација и Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ за имплементирање на активности за поддршка на напорите на властите за справување со Ковид-19.

УСАИД се во тесна координација со Владата на Северна Македонија, меѓународните хуманитарни партнери и останатите засегнати страни за идетификување на областите кои се приоритетни.

-Во ова време на несигурност и вознемиреност, работењето заедно е поважно од кога и да е. Уверена сум дека поддршката обезбедена со овој пакет помош ќе даде одржлив придонес во борбата на Северна Македонија против Ковид-19, изјави американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз.

Со американската помош поддршка ќе се даде на зајакнување на лабораториите за подготовка на лаборатирксиот систем за спроведување на повеќе тестови за Ковид-19, мониторинг и брз одговор на случаите на Ковид-19 и соодветен надзор на заболените. Помошта е насочена и кон обуки и екипирање на тимовите за брз одговор при истражувањето на случаите, едукација на граѓаните за чекорите што можат да ги преземат за да го спречат и одговарат на ширењето на вирусот преку специфични медиумски кампањи, подобрување на менаџментот на случаите заради зајакнување на клиничната грижа со минимизирање на ризиците за натамошно пренесување на други, како и за превенција на заболувањето и зголемувањето на контролата во здравствените установи.

Во изминатите 20 години, како што се наведува во соопштението на УСАИД, САД инвестирале околу 11,5 милиони долари во здравствениот сектор на земјава.

Би можело да ве интересира

CNN: САД и Иран тајно разговараат, позициите не се толку оддалечени

Лавров: Секогаш сме отворени за контакт со американската страна по прашањето за Украина

Аксиос: Иран даде предлог за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец

(ВИДЕО) Американците дигнаа во воздух уште еден брод во Пацификот – двајца мртви

А1он

Американците го бараат водачот на ирачката милиција, нудат 10 милиони долари за информации каде се крие

CNN: САД подготвува напад врз иранските капацитети во Ормутскиот теснец