Ковид-19: Хрватска планира спроведување на популациска студија

Од:

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак најави дека земјата ќе спроведе истражување на целокупната популација за да се утврди кој сè бил заразен со коронавирус, а можеби не пројавил симптоми.

– Пред неколку дена почнавме преглед на литературата за да видиме како тоа изгледа во другите земји. Знаеме сигурно за крузерот Јокохама, каде имаше многу позитивни случаи, а процентот на оние без симптоми беше многу висок, но тоа се посебни услови. Популациски студии никој не почнал, но ние сигурно ќе го направиме тоа. Може да се спроведе на два начина: или се зема една цела покраина и се прегледуваат луѓето или ќе се направи т.н. сентинел студија, кога се земаат сите пациенти од еден лекар по општа медицина и се направи профил, појасни Цапак за РТЛ.

.Во разговорот, тој детално одговори и на едно од најчестите прашања на граѓаните, а тоа е – кој и по кои критериуми ќе биде тестиран.

Тој потсети дека од самиот почеток, Хрватска ги следи насоките на Европскиот центар за контрола на болести и СЗО.

– Прво беше кажано да се тестираат лица кои биле во контакт со потврден позитивен случај или престојувале во места каде имало жаришта и покажуваат симптоми. Подоцна, ЕЦДЦ ги смени насоките и препорача да се тестира секое лице со тешка респираторна болест, за пред десетина дена, да побараат да се тестира секоја акутна респираторна болест за која не може да се утврди друга причина, појасни Цапак. Тој вели дека може да се случи грешка во проценката, посебно кога станува збор за дијагноза по телефон, како што се прави сега, но затоа пациентот секогаш може да повика друг лекар или епидемиолог.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари