Самодисциплина и решителност е пораката која британската кралица Елизабета Втора вечерва им ја испрати на Британците во овие тешки моменти на пандемија на коронавирусот.
Ова е едно од нејзините ретки обраќања до нацијата, кое беше емитувано на телевизија, радио и на социјалните мрежи.
„Ги разбирам тагата и болката, но и финасиските проблеми со кои се соочуваат Британците во ова тешко време. Заедно ќе ја пребродиме оваа криза. Ако останеме обединети, ќе успееме“, рече таа.
Британската кралица им се заблагодари на здравствените работници, кои имаат клучна улога во лекувањето на заболените со коронавирус. Во годините што следат, таа се надева дека секој ќе може да се гордее на начинот на кој одговорил на овој голем предизвик.