Пинк и нејзиниот 3-годишен син позитивни на коронавирус

Од:

Познатата американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на коронавирусот, како и дека ќе донира по 500 илјади долари за две служби за итни ситуации.

Пинк во низата твитови наведе дека таа и нејзиниот тригодишен син ги почувствувале првите симптоми пред две недели, по што се тестирала.

Таа додава дека членовите на нејзиното семејство се веќе во домашна изолација и дека се негативни на тестирањето, пренесува АП.

Пејачката се залага за слободно и широко тестирање.

– Неуспех е на властите што тестовите не се достапни. Оваа болест е сериозна и реална. Луѓето мораат да знаат дека ги напаѓа и младите и возрасните, и здравите и болните, и богатите и сиромашните. Затоа тестовите мораат да бидат широко достапни, за да ги заштитиме нашите деца, семејства, пријатели и општеството, истакна Пинк.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски