Блумберг: Земјите со задолжителна вакцинација против туберкулоза имаат помалку случаи на Ковид-19

Од:

Научници од повеќе западни земји испитуваат дали вакцината против туберкулоза помага во борбата против коронавирус, бидејќи во земјите со задолжителна вакцинација против туберкулоза е забележана помала смртност од Ковид-19, јави „Блумберг“.

Истражување од Институтот за технологија во Њујорк постирано на „медРевикс“, ресурс каде се постираат необјавени медицински истражувања, укажува на тоа дека смртноста од коронавирус е помала во земјите каде вакцинацијата против туберкулоза е задолжителна.

Изданието наведува дека клиничките работници во шест земји меѓу кои САД, Австралија и Холандија, испитуваат дали ако постарите луѓе и здравствениот персонал вклучен во лечење на болните добијат „bacillus Calmette-Guerin“ (БЦГ вакцинација против туберкулоза), можат навистина да добијат некаква заштита од новиот коронавирус.

Такви земји каде вакцината е задолжителна се Јапонија, Јужна Кореа и Кина, но и речиси сите земји од источна Европа како Полска, Украина и Русија.

Во Јапонија беа регистрирани најпрвите случаи на коронавирус, но во земјата досеге не е воведен карантин, наведува изданието.

Јужна Кореја се справи со коронавирусот со мерки кои вклучуваа тестирање на вкупното население на земјата.

Во Кина, вакцината била воведен, но не се применувала задолжително пред 1976 година, затоа бројот на заразени и починати е релативна мал.

Земјите пак каде бројот на заболеност од Ковид-19 е многу поголем, како САД и Италија, препорачувале БЦГ вакцини, но само за луѓе со здравствен ризик, додека Германија, Шпанија, Франција и Велика Британија имале политики на БЦГ вакцинација, но ги прекинале пред неколку децении, дознава весникот.

Во меѓувреме, Кина го демантираше тврдењето на американските разузнавачи дека Пекинг прикажувал пониски бројки на заразени и починати случаи од коронавирус од реалните.

Некои американски официјални лица само сакаат да ја префрлат осудата, соопштија од кинеското Министерство за надворешни работи.

„Блумберг“ вчера цитираше официјални лица од Вашингтон кои укажаа на разузнавачки извештај дека Кина криела за големината на епидемијата во земјата и прикажувала некомплетнни бројки на заразени и смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски