Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казни во висина од по 2.000 евра против вкупно 20 лица заради прекршување на полицискиот час.

Сите обвинети, во одвоени кривично-правни настани на 27, 28, 29 и 30 март, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежните јавни обвинители до Судот за сите обвинети лица предложиле определување парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност​.

Сите се обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП