Николиќ: Пајтиќ измислува проблем

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ порача дека претседателот на Владата на Војводина, Бојан Пајтиќ, кој најавува усвојување на Деклерација за заштита на уставните и законските права на покраината, измислува проблем што не постои и нагласи дека ниту еден човек не е доволно силен и моќен за да може да направи нешто против интересите на Србија.

-Ние носиме многу поголеми аларми и сили, отколку Пајтиќ, кој измислува проблем што не постои-изјави претседателот на Србија.

Тој му порача доколку е сигурен во своите ставови, дека треба да каже дека Војводина е дискриминирана и дека треба да живее на друг начин, да распише референдум и да поднесе оставка, па тогаш да видат кој ќе победи на изборите.

Претседателот на Владата на Војводина, Пајтиќ вчера најави дека парламентот во Војводина на 10-ти април ќе ја усвои Предлог декларацијата за заштита на уставните и законските права на таа покраина.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија