Осум фудбалери на Вест Хем имаат симптоми на коронавирус и се наоѓаат во самоизолација низ што мина и менаџерот Дејвид Моес од почетокот на март.
Поради контакт со заразениот колега во Арсенал, Микел Артета, Моес мораше да се изолира, но непосредно пред тоа остварил контакт со неколкумина од играчите и на тој начин го пренел вирусот.
Англиските медиуми сè уште не знаат за кои осум фудбалери станува збор во отсуство на официјална потврда за новонастанатата ситуација кај популарните „чекани“.