Авиони од Љубљана и Минхен се очекуваат денес, 1082 дојдени од странство се веќе во државен карантин

Од:

Два авиона, од Љубљана и Минхен, со наши државјани од се очекува денес да пристигнат во земјава, извести техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Вчера во земјава со хуманитарен авионски превоз од Малме и Загреб се вратиле 290 граѓани. Сите се однесени во државен карантин.

„ Во моментов вкупно 1082 граѓани се сместени во државен карантин. Досега вкупно 19 објекти се приспособени за оваа намена, а распоредот за сметување го прави Генералниот секретаријат  на Владата. Полициските службеници преземаат мерки за обезбедување на транспортот и спровод на лицата од државните граници до објектите како и внатрешно и надворешно обезбедување на државните карантини“, рече министерот Чулев.

Тој не кажа бројка на лица однесени во карантин поради непочитување на мерките за изолација и самоизолација но рече дека надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за оваа категорија граѓани кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација,  а кои согласно одлуките на Владата ќе бидат сместени во државен карантин на сопствена сметка.

Би можело да ве интересира

Младите жени во Минхен се плашат да користат јавен превоз

Стојче Ѓоргиев од кочанско Грдовци е убиениот Македонец во Љубљана

А1он

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

Октоберфест е затворен од полицијата

Експлозии и пукање во Минхен, пронајдени се неколку жртви

Горан Наумовски