Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“

Од:

Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето на американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и дека одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и живелите на околните села и населби.

Градоначалникот на општината Безмер, Росен Русев, нагласи дека луѓето не се против самото постоење на воената база или спроведувањето на вежбите, туку против специфичната мисија за стационирање американски авиони-танкери, ангажирани во војната во Иран, објави бТВ.

Според него, мештаните стравуваат дека по дипломатската нота на Иран „неизбежно ќе станеме потенцијална цел“. Русев додаде дека е малку веројатно дека петицијата ќе ја промени одлуката, но барем „гласот на луѓето од регионот ќе остане“, кои се плашат дека „влегуваме како земја во војна што не е наша“.

Градоначалничката на селото Бољарски, Вања Пејнева, исто така изрази категорично несогласување со распоредувањето на авионите-цистерни.

– Не сакаме овие авиони-цистерни да бидат распоредени тука. Многу често слушаме дека цивилни цели се погодени случајно. Тоа е она што ги загрижува луѓето. Ние сакаме само мир – рече Пејнева.

Сличен став изрази и градоначалникот на селото Роза, Енчо Јоргов. Според него, дури и да нема инциденти, распоредувањето на авионите „донесува вознемиреност кај нашите жители“. Тој инсистираше државата да ја гарантира безбедноста на луѓето ако авионите останат во базата.

Општински советник од општина Тунџа ја опиша парламентарната одлука како претворање на Безмер во „легитимна цел во војна што не е наша“. Според него, тврдењето дека мисијата е логистичка не ја менува ситуацијата, бидејќи „логистиката е исто така дел од војната“.

Тој исто така потврди дека протестот ќе се одржи, повикувајќи ги сите заинтересирани граѓани да се вклучат.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски