Елхами: Иран собори дронови и борбени авиони, сега развиваме ново оружје

Од:

Командантот на иранските сили за воздушна одбрана, Амир Алиреза Елхами, денес изјави дека Иран бил ефикасен во соборувањето на непријателски беспилотни летала и борбени авиони во неодамнешните конфликти.

Во интервју за иранската новинска агенција Тасним, Елхами рече дека искуствата од „12-дневната војна“ биле искористени за подобрување на тактиките, производство на системи и нивно распоредување за време на следната, „40-дневна војна“.

Според него, иранските сили собориле значителен број беспилотни летала и борбени авиони за време на последниот конфликт, вклучувајќи и стратешки беспилотни летала.

Елхами рече дека Иран сега ги користи искуствата од конфликтот за да ги модифицира постојните системи, како и за развој и производство на нова опрема.

„Моментално се потпираме на 100 проценти ирански способности“, рече тој, додавајќи дека Иран произведува нови системи врз основа на сопственото знаење и искуство.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад