Неверојатни слики вечерва од Ватикан го обиколија светот. Фотографии што ќе влезат во историјата. Досега ниту еден папа не сторил такво нешто.
Папата Франциск сам на тремот на базиликата пред празниот плоштад Свети Петар се моли како одговор на пандемијата на коронавирус. Планетарна молитва против планетарно заболување.
Папата го повика целиот свет да му се придружи во оваа молитва, по што даде благослов „Урби ет орби“ (Urbi et Orbi), како што се дава на Велигден и Божиќ.