Коштуница: Да се одбие договорот, преговорите да се вратат под закрила на ОН

Од:

Лидерот на ДСС Воислав Коштуница по состанокот со премиерот Ивица Дачиќ изјави дека договорот кој што е понуден на Србија апсолутно е неприфатлив и дека мора да се отфрли, па неопходно е да се инсистира на формирање на нови преговори, односно на враќање на дијалогот под закрила на Советот на безбедност при ОН.

-Работите ќе се разрешат овие неколку дена, а регирањето на јавноста на Србите на Косово и раководството на Република Српска и пораката на Српската православна црква зборуваат дека договорот треба да биде отфрлен-истакна Коштуница.

Тој укажа дека работите може да се вратат под контрола само доколку преговорите се вратат под закрила на Обединетите нации и на тој начин да спречат потполно признавање на назависноста на Косово.

-Запад и ЕУ во овие преговори влегоа со намера Косово да стане независно и тоа може да се спречи доколку работите се вратат во ОН-заклучи Коштуница.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија