Трката за ГН на Азербејџан е осма што се одложува за оваа сезона во Формула 1 шампионатот поради пандемија на коронавирусот.
Организаторите од Баку порачаа дека новиот термин за одржување на настанот ќе биде дополнително одреден.
Трката во Азербејџан требаше да се вози на 7 јуни, а прва наредна која сè уште не е одложена е за ГН на Канада на 14 јуни. Но, и таа е доведена во прашање, откако земјата стана прва која се повлече од летните Олимписки игри во Токио.