Американските познати ТВ серии се вклучија во донација на медицински материјали за персоналот во итни случаи, кои има најголема потреба со цел да продолжи да се бори против пандемијата со коронавирусот.
Избувнувањето на пандемијата доведе до недостиг на медицински материјали на национално ниво со што произлегоа јавните повици за донации кои треба да спасат човечки животи.
Познатата серија „Grey’s Anatomy“ се приклучи на акцијата и обезбеди ракавици и заштитни наметки, додека филмската екипа од серијата „Station 19“ донираше маски на противпожарната служба на главниот град на Канада, Онтарио.
Извршниот продуцент на „Station 19“, Криста Верноф со задоволство раскажуваше за националната телевизија „Си-Би-Ес“ дека тие имале среќа да обезбедат околу 300 маски за локалната станица.
„The Good Doctor“ се вклучи во акцијата исто така, пренесе американската телевизија.
ТВ серијата „The Resident“ која е во продукција на американската национална телевизија „Фокс“, даде дарежлива донација со медицински материјали.
Докторката Керен Ло која е програмски директор на Програмата за Интерната медицина при Универзитетот Емори во Атланта објави фотографија од донираните материјали и се заглагодари на серијата.
„Вчера бев загрижена како ќе ја обезбедиме опремата затоа што имавме навистина малку од неа, и еве сега пристигна магично пратката со потребната опрема – ова многу им значи на првоборците кои се грижат за нашата заедница во овие тешки моменти“, напишаа таа.