Се затвора градскиот пазар во Кавадарци, Штабот за заштита со нови заклучоци

Од:

Во наредните 14 дена ќе биде затворен градскиот пазар во Кавадарци, Штабот за заштита и спасување денеска донесе нови заклучоци за заштита од коронавирус, заедно со претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи.

– Се задолжуваат „Мој општинар” и службите општината, во текот на денешниот и утрешниот ден да извршат дезинфекција на заедничките површини во колективните станбени згради (влезови, скаличен простор и лифтови) кои имаат повеке од 8 станбени единици, информираат од локалната самоуправа.

Се задолжуваат такси компаниите на кои им е издадена лиценца за вршење такси превоз, да продолжат со работа со минумум 50 отсто од капацитетот, дневно да вршат дезинфекција на колите, а патниците – корисници на превозот задолжително да носат средства за самозаштита.

– Се задолжуваат превозниците од општинскиот линиски превоз, да продолжат со вршење на редовните линии, со редуцирање на бројот на патници, согласно препораките, така што да има оддалеченост од најмалку еден метар помеѓу патниците, соопштуваат од општина Кавадарци.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак