Дански маркет стопира масовно купување: 24 пати поскапа цена ако купиш повеќе од едно шише за дезинфекција

Од:

Маркет во Данска воведе 24 пати повисоки цени за дезинфекциски продукти, доколку купувачите земаат повеќе од едно шише. Оваа мерка доаѓа откако тамошните граѓани масовно купувале средства за дезинфекција како медицински алхохол и дезинтал, по пандемијата со коронавирусот.

Корисници на мрежата „Твитер“ објавија дека едно шише чини 50 дански круни односно 5.5 евра, додека за две шишиња, потрошувачите ќе платат 1000 дански круни или 134 евра.

За останатите корисници на „Твитер“, ова е одлична идеја и даваат поддршка истата да се примени и од други маркети.

„Одлична идеја. Наместо да се прават повеќе купени производи да бидат поевтини, маркетите треба да го направат истото како и данскиот маркет. Тоа би го сопрело паничното купување“, пишува друг корисник на социјалната мрежа.

Други корисници повикуваат мерката на данскиот супермаркет да се примени и во Велика Британија, но тоа да важи за тоалетна хартија, супа, тестенини и останатите основни продукти.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ