Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос сè уште не го обновил договорот со Кралскиот клуб. Причината е неговата неподготвеност да потпише за една сезона.
Постои правило во Реал Мадрид, на играчи на возраст над 32 години, да им се нудат само договори за една сезона и клубот нема намера да постави преседан со Рамос, колку и да е вреден тој за клубот.
Дефанзивецот е дел од Мадрид уште од летото 2005 година, откако беше привлечен од Севиља за 27 милиони евра.
Во моментов Рамос има 33 години и неговиот тековен договор истекува во летото 2021 година.