И жирафите страдаат од несоница

Од:

 Сите имаат сличен проблем. Ако во текот на денот премногу се изложени на стрес, навечер имаат проблеми со спиењето, бидејќи главата е преоптоварена со мисли. Слично е и кај животните, тврдат научниците.

Сите животни мора да имаат квалитетен сон, без разлика дали се работи за свињи, кучиња или коњи, а тоа колку долго спијат, се разликува од вид до вид. Лилјаците спијат 19 часа дневно, кучињата околу 10 часа. Повеќето животни спијат подолго од луѓето, значи повеќе од 8 часа дневно, пишува Дојче веле.

Но жирафите во природа мора да водат сметка за безбедноста. Спиењето може да биде опасно ако во близина има лав. – Ако жирафата се чувствува добро и ако денот е мирен, спие од 4 до 5 часа на ден. Притоа половина час оди на РЕМ фаза на сонот, објаснува Флориан Зикс, биолог и експерт за цицачи во Зоолошката градина во Берлин.

РЕМ фазата на сонот што ја имаат и други животни како жирафите, се однесува на фаза во која сонуваме. Тоа значи дека мозокот е активен како и во будна состојба. Очите исто така брзо се движат, но затоа мускулатурата на телото е опуштена, ако се исклучат повремените движења.

Своите четири часа жирафите не ги спијат во континуитет, тие дремат во продолжетоци, а РЕМ фазата трае максимално неколку минути. Но, тоа важи само за жирафите кои живеат во своето природно опкружување, вели Зикс: – Ако жирафата е изложена на стрес, РЕМ фазите драстично се покуси. Откако една жирафа ја преместивме на друга локација, таа речиси воопшто не можеше да спие. И требаат две до три недели за нормален сон.

За добар сон важна е и положбата на телото. Точно е дека жирафите, како и некои други животни можат да спијат стоејќи, но многу кусо. За да се опуштат, жирафите бараат соодветно место и позиција. Своето тело жирафите обично го сместуваат преку свиените нозе, а долгиот врат и главата преку телото се до задните нозе. – Ако жирафата спие стоејќи во текот на РЕМ фазата, во еден момент се урива како вреќа. Исто важи и кога се во полулежечка положба, ако главата во текот на РЕМ фазата се навали, може да се удри од земја. Поради тоа правилната положба е од пресудно значење – вели билогот Зикс. Тој деноноќно ги проучувал навиките на 17 жирафи во Германија. На располагање имал дури и инфрацрвена камера. На тоа го посвети и својот докторски труд.

– И најмали промени жирафите можат да ги изложат на непотребен стрес. На пример ако во зоолошка градина некој посетител непријатно ги изненади. Во тој случај може да се случи жирафата да се исплаши и навечер да не сака да влезе во шталата.

Биологот Флројан Зикс тврди дека има многу фактори кои влијаат на тоа дали животот на жирафата е премногу стресен.

Промените на навиките, транспортот или голем број на посетители во зоолошката градина, само се некои од факторите кои влијаат на жирафите. Тие се многу вознемирени кога партнерот ќе им умре. – Ги проучувавме навиките на две жирафи, кои во зоолошката градина беа заедно 15 години. Џорџ и Жаклин беа неразделни.

Кога умре Џорџ, а имаше над 20 години, Жаклин три недели воопшто не можеше да спие. Немаше ниту една секунда на РЕМ фаза на сонот. Тоа за животните е опасно, ако се има предвид дека глувците по три до шест недели без сон, умираат.

Истовремено, гладот овие животни ги успива. Кај младенчињата жирафи се забележува подолга РЕМ фаза на сонот. Во франкфуртската зоолошка градина тоа предизвика трагедија, бидејќи младенчето старо шест дена умре. Мајката немаше млеко – вели Закс. – Тоа е своевиден систем на рано предупредување, кое ветеринарите мора навреме да го препознаат. Во овој случај кога младенчето поминува премногу време спиејќи, вработените во зоолошката мора да знаат дека бебето на жирафата не се чувствува добро.

Ова сознание на некои жирафи веќе им го спаси животот, што само потврдува, колку се значајни истражувањата за квалитетот на сонот. Посебно кај животните, бидејќи обично тие не викаат на помош, кога не им е добро.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он