Кандиќ: Пресудите во Хаг засновани врз политички мотиви

Од:

Директор на Фондот за хуманитарно право во Белград, Наташа Кандиќ, над 20 години се ангажира на собирање докази за воени злосторства во текот на балканските војни во 90-те години.

Деновиве Кандиќ доби уште едно значајно меѓународно признание за својата работа, овојпат во Шведска од страна на организацијата за заштита човековите права „Цивил Рајтс Дефендерс“ во Стокхолм, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Поради своите долгогодишни активности, Кандиќ се здоби со голем број непријатели, а сега изразува незадоволство поради одлуките на Хашкиот трибунал со кои се ослободуваат генерали и врвни политичари од поранешните републики на поранешна Југославија, пишува шведскиот весник „Гетеборг-постен“.

– Мој заклучок е дека станува збор за пресуди засновани врз политички мотиви, со цел да се спречат идните обвинувања против држави за злосторства против човештвото, вели спрскиот адвокат ветеран, Наташа Кандиќ.

Дел од нејзините собрани докази, списоци на имиња и искази на сведоци, се користени и од страна на Хашкиот трибунал.

– Во случајот на Готовина доказниот материјал беше толку силен, беше толку очигледно дека тој дејствувал по налог на хрватската Влада, тврди Кандиќ во врска со принудното ислекување на 150.000 Срби од Хрватска во 1995 година.

По враќањето во Загреб, Готовина беше пречекан како херој, а што покажува дека етничките поделби на Балканот се се уште длабоки.

– Тоа ќе биде задача во иднина да се направи обид за идентификација со перспективата на другата страна. Инаку ќе биде тешко да се спречи можното повторување на историјата, вели Кандиќ. Паричниот дел од наградата Наташа Кандиќ ќе го намени за работата на утврдување на имињата на над 10.000 жртви во војната во Косово.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска