По повод 7 Април, Светскиот ден на карикатурата и карикатуристите, денеска напладне во музичкиот центар „Loudness“ во Битола ќе биде промовирана колекција од 21 поштенска картичка.
Во проектот соработуваат 12 автори – Владимир Казаневски од Украина, Берт Вит од Холандија, Марјан Аврамеску и Адријан Барбу од Романија, Кац од Израел, Златко Крстевски и Дарко Богданов од Македонија, како и автори на мемокартички.
Издавач на картичките и организатор на настанот е Центарот за визуелни уметности „Визант“. Картичките ќе бидат промовирани и на неколку балкански стрип-фестивали.