Страните со пиратски филмови се повеќе популарни за време на домашниот карантин

Од:

Бидејќи е толку едноставна за употреба, страната за филмови „Popcorn Time“ стана веднаш популарна по објавувањето во 2014 кога истата година стана и мета на филмската индустрија.

Услугата беше затворена повеќе пати со налог од американските судови, полициските рации и IP блоковите низ целиот свет помеѓу 2014 до денес.

Апликацијата и веб страната со отворен пристап беше фалсификувана неколку пати и работеше наизменично, но во голема мерка остана офлајн во последните неколку години.

Во последните неколку дена, се појави нова верзија на „Popcorn Time“, верзија 4.0 која има побогата и целосно променета содржина како и понуда на филмови и серии.

Новата апликација работи исто како и претходните верзии, бесплатно и им наметнува на луѓето да користат виртуелни приватни мрежи за да избегнат употреба на апликација која веќе е откриена од страна на нивните интернет провајдери.

Апликацијата е повторно достапна додека многумина ширум светот се наоѓаат во карантин поради коронавирусот, а исто така доаѓа и во време кога пиратеријата станува се попопуларна.

Други верзии и вариации што ја даваат сличната услуга со отворен извор како „Popcorn Time“ се исто така активни.

Повеќето филмови и тв серии без разлика дали се работи за стари или новоизлезени, повторно се достапни и може да се погледнат, но сепак се работи за пиратски филмови преки кои хакерите можат да ги користат вашите лични информации за разни цели.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски