Такахаши: Олимписките игри би можеле да се одложат на една или две години

Од:

Членот на Управниот одбор на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Харујуки Такахаши е првиот кој јавно проговори за можноста за одложување на настанот. Тој истакна дека во разговорите со членовите на Организацискиот комитет ќе биде разгледана таква опција поради епидемијата од коронавирус.

„Во светло на стварноста, мора да реагираме во склад со тоа“, рече Такахаши.

Во разговор за „Вол Стрит Журнал“, тој рече дека игрите би можеле да бидат одложени за една година или за две, доколку е невозможно да се одржат оваа година, како што е планирано.

Претседателот, пак, на Организацискиот комитет на Игрите, Јоширо Мори истакна дека не се разгледува промена на планот и го повика Такахаши да ги објасни неговите зборови за „Вол Стрит Журнал“.

Јапонскиот министер Сеико Хашимото, претходно рече дека одложување на настанот е незамисливо и нагласи дека конечна одлука за такво нешто треба да донесе Интернационалниот Олимписки комитет (ИОК).

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август.

Би можело да ве интересира

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз

Официјално: Никола Јокиќ игра на ОИ

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

ВИДЕО: Петмина загинати во леталото на крајбрежната стража кое се судри со изгорениот авион

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре авион на писта на аеродром во Токио

Катерина Ѓуровски