12 заболени со коронавирус во Хрватска

Од:

Од Клиниката за инфективни болести во Загреб потврден е коронавирусот кај уште едно лице, што значи дека бројот на заразени во Хрватска се зголеми на 12.

Станува збор за близок контакт со друг заразен со коронавирус во Вараждин, се додава во краткото соопштение на Дирекцијата за цивилна заштита.

Ова е веќе четврто лице заразено со коронавирус во Вараждин. Ковид-19 претходно е потврден кај три лица во Загреб и кај петмина во Ријека.

Досега во Хрватска тестот за коронавирус е направен кај повеќе од 300 луѓе, а под надзор се ставени скоро четири илјади лица.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами