Како што коронавирусот се шири низ планетата, мексичкото пиво „Корона“ се повеќе го привлекува вниманието на социјалните медиуми, но не на добар начин.
Истражувањата на дата-провајдерите покажале дека во последниве недели имало зголемен тренд на пребарувања на интернет „корона пиво вирус“ и „пиво коронавирус“. Ова сугерира дека некои луѓе ги мешаат поимите на пивото „Корона“ со коронавирусот, иако овој алкохолен пијалок нема никаква допирна точка со вирусот.
Дополнително, на неодамна спроведената анкета на агенцијата „5W“, 38 проценти од Американците се изјасниле дека не би купиле пиво „Корона“ во ниту еден случај во моментов.
Четиринаесет проценти од конзументите на „Корона“ рекле дека не би го нарачале пивото на јавно место, а 16 проценти биле збунети и не знаеле да одговорат дали пивото има некаква допирна точка со коронавирусот.