Прва забрана во Премиер лигата поради коронавирус

Од:

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус им забрани на играчите на тимот и клупскиот персонал да се ракуваат. Ова е прво „вето“ во клуб од Премиер лигата, поврзано со коронавирусот КОВИД-19.

„Во клубот има ритуал каде сите се ракуваме. Ние ја прекинуваме оваа практика по совет на нашиот лекар. Сите се надеваме дека ситуацијата со овој проблем нема да се влоши на територијата на земјата“, прокоментира Брус.

Денес, Њукасл го пречекува Барнли на „Сент Џејмс Парк“ во 28-то коло од Премиер лигата од 16:00 часот по македонско време.

Професорот Крис Вити објави дека земјата мора да биде подготвена за месеци на хаос поврзан со откажување на спортски настани, концерти, па дури и затворање на училиштата заради коронавирусот.

Ова значи дека има закани за Премиер лигата, натпреварите во Премиер лигата, финалето на ФА Купот и други масовни настани.

Дури и популарниот лондонски маратон во април може да биде откажан откако организаторите објавија дека внимателно ја следат состојбата со ширењето на заразата.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски