Во Косово нема ниеден заразен со коронавирус

Од:

Националниот институт за јавно здравство на Косово објави вечерва дека ниту едно лице кое досега било хоспитализирано под сомнение дека е носител на коронавирусот не е заразено од тој смртоносен вирус.

Институтот по пат на соопштение за јавноста објави дека е информиран оти во текот на денешниот ден на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово се примени шест лица за кои имало сомневања дека се заразени со коронавирусот и кај сите нив анализите резултирале негативни.

Од 8 февруари до денеска, се вели во соопштението, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија, со соодветни методи, се тестирани вкупно 17 сомнителни примероци за вирусот Ковид-19 и сите резултираа негативни. 

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски