Малезискиот премиер Махатир Мохамед денеска му ја понуди својата оставка на малезискиот крал Султан Абдула Султан Ахмад Сах, откако неговата партија ја напушти владејачката коалиција две години по формирањето.
Во изјавата од Кабинетот на премиерот се наведува само времето кога била понудена оставката, но не и детали.
Кралот сега може да даде поддршка на друг кандидат или да распише нови избори.