Формирана нова влада на Централноафриканската Република

Од:

Самопрогласениот Претседател на Централноафриканската Република Мишел Џотоди, го утврди денес составот на преодната влада, во која контролира пет министерства, вклучувајќи го и министерството за одбрана, соопшти неговиот портпарол.

Во привремената влада, која вети дека во рок од три години ќе распише избори, претставникот на граѓанската опозиција Николас Тјангае ќе биде на местото премиер, се вели во соопштението.

Повеќето членови на новата влада се припадници на бунтовничкото движење и членови на поранешната опозиција.

Кабинетот составен од 34 члена, вклучува девет министри од опозициската бунтовничка коалиција Селека, која пред една недела со државен удар дојде на власт, осуммина од некогашната опозиција и еден близок на поранешниот претседател Франсоа Бозизе. За сега не е објавено кои се другите 16, пренесуваат агенциите.

Движењето на Џотоди ја презеде власта пред неколку дена со државен удар, во кој загинаа 13 јужноафрикански војници и вети дека ќе формира коалициска влада.

Државниот удар беше веднаш осуден од Обединетите нации и Африканската унија, која денеска го суспендираше членството на оваа африканска земји во својата организација, ги забрани патувањата и го замрзна имотот на водачите на бунтовниците.

Од друга страна, САД, Франција и соседниот Чад, ги повикаа бунтовниците на движењето Селека да го почитуваат мировниот договор од јануари, за поделба на власта.

Во меѓувреме, соседниот Камерун соопшти дека соборениот централноафрикански лидер Франсоа Бозизе пристигнал во оваа земја.

Централноафриканската Република, поранешна француска колонија, од своето осамостојување во 1960 година. ја потресоа бројни државни удари и бунтови, а самиот Бозизе дојде на власт 2003 година, со државен удар, кој беше поддржан од Чад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска