На Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски им се суди за организација на „крвавиот четврток“

Од:

Организацијата на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, познат „крвавиот четврток“ денеска влегува во судска процедура. На обвинителна клупа треба да седнат експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски како и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски, кои се обвинети дека се организатори на настаните од 27 април.

Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а за бегалците – експремиерот Никола Груевски и Никола Бошковски од УБК постапката беше запрена до нивно пронаоѓање, бидејќи едниот избега во Унгарија, а другиот во Грција.

Од четворицата обвинети, само Вељаноски е на слобода. Јанакиески, Ристовски и Атанасовски се во домашен притвор за други дела и тие треба да бидат спроведени со полициска придружба од нивните домови.

Судењето ќе го спроведува петорка – судиите Иле Трпков и Дијана Груевска Илиевска и тројца поротници, но прогнозите се дека првото рочиште ќе биде одложено поради тоа што дел од доказите по приговори се уште се во Апелацискиот суд.

Автоматско оружје, пиштоли и панцири биле донесени на 27 април пред Собранието, обвинението ги открива улогите на организаторите

Според обвинението, бегалецот Бошковски на 27 април со возило „голф“ во сопственост на УБК, во непосредна близина на Градската болница донел автоматско оружје, пиштоли и панцирни елеци. Јанакиески и Ристовски го мобилизирале и координирале членството на ВМРО-ДПМНЕ, а експретседателот на Собранието, Вељаноски, спречувал да се избере нов претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство во 2017 година.

Ексдиректорот на УБК, Атанасовски, бил задолжен да ги мобилизира членовите на патриотските здруженија, но и за издавање наредба да се извадат хард дисковите од Собранието, каде што биле складирани снимки од насилниот упад.

Никола Груевски, пак, според обвинението им дал насоки на Јанакиески и Ристовски да испраќаат пораки по претседателите на месните комитети за протестот да добие масовност.

Вељаноски како претседател на Собранието знаел дека се планира упад во Собранието и бил во постојана комуникација со Груевски кого го известувал што се случува.

Во обвинението, кој советот за оценка на обвинителен акт го прифати минатиот месец, пишува и дека по секоја цена требало да се спречи мирно предавање на власта со избор на претседател на Собранието.

Обвинителниот акт се темели на наредби за претрес во домови на обвинетите, одземени предмети, вештачење на мобилните телефони, фотографии и видеа, како и листинзи од мобилните оператори, кои покажуваат со кого разговарале обвинетите пред и за време на крвавите инциденти во Собранието.

За насилствата во Собранието, на 15 март минатата година на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години затвор доби Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).  Овој судски процес стартуваше со 33 обвинети меѓу кои беа петмина пратеници. Со Законот за амнестија, изгласан во декември 2018 година, амнестирани беа 15 обвинети вклучувајќи ги и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои ја отворија вратата од Собранието и овозможија толпата да упадне внатре и да ги нападне и претепа нивните колеги во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески