Осум деца повредени во несреќа со рингишпил во Србија

Од:

Осум првоодделенци од ОУ.„Нада Поповиќ“ од Крушевац се повредени денес во Соко бања, откако падна рингишпилот на кој се забавуваа.

Според првичните информации, едно од децата се здоби со скршеница на главата, а останатите седум се згрижени најпрвин во болницата во Соко бања, а подоцна се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш.

Директорката на училиштето Јелена Ивановиќ веднаш по настанот се упати во Ниш.

– Учениците беа сместени во Хотел „Здрављак“. Родителите се известени и сме во постојан контакт. Сите сме шокирани поради ова што се случи. Најважно ни е сега децата да бидат добро, изјави директорката за Новости.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија