Обилните врнежи во Загреб и околните места, кои паѓаат од петок поплавија неколку куќи и сообраќајници, а предизвикаа и паѓање на дрвја и пукање на потпорни ѕидови.
Кај Голема Горица се изли реката Одра која што поплави неколку куќи.
Дрво кое што падна на Шестинскиот дол оштети пет возила, додека останатите стебла се закануваат да паднат на семејна куќа, каде што на лице место се упатени противпожарните единици.
Елена Георгиевска