Мароко: Спасени 14 мигранти, се стравува дека уште толку загинале

Од:

Мароканската морнарица спасила 14 мигранти од чамец со 28 луѓе кој се превртел кај брегот на Западна Сахара, а се стравува дека другите луѓе се удавиле, соопшти денеска шпанската поморска служба за спасување.

Соопштението е издадено откако преживеаните преку телефонска линија за помош на мигранти јавиле дека 14 лица, меѓу кои и две деца, загинале кога нивниот чамец се превртел вчера во близина на градот Дакла во Западна Сахара.

Некои од 14-те преживеани разговарале со службеници кои работат на телефонската линија, на кои им рекле дека им помогнал рибарски брод пред да ги преземе мароканската морнарица.

Шпанската служба за спасување соопшти дека ја продолжува потрагата по 53 лица кои биле на други бродови со мигранти меѓу шпанските Канарски острови и Западна Сахара, спорна крајбрежна територија јужно од Мароко, што беше анектирана од земјата во 1975 година.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска